Дали се сеќаваш кога
првпат се сретнавме?

Веќе децении заедно учиме да зборуваме и да чекориме, паѓаме и се подигнуваме. Го разубавуваме едни на други растењето и нудиме поддршка секогаш кога ни е потребна. Развиваме мускули за да бидеме силни и градиме големо срце кое сака да споделува.

Srce

Со генерации сме тука едни за други
и ги делиме сите убави моменти.

Секогаш заедно сме споделувале убави вести, но овој пат сакаме да споделиме со тебе дека за Плазма сега настапи тежок период поради пожарот кој се случи во нашата фабрика.

Се трудиме со целото срце и работиме посветено да се врати сè како порано што е можно поскоро, но поради непредвидени околности, твојата Плазма некое време нема да биде достапна во одредени пакувања на сите продажни места.

Тешките моменти се прилика да се поврземе
и да се поддржиме едни со други.

Во секоја трошка Плазма до сега, беше и нашата љубов. Затоа сега те молиме за малку трпение додека твојата омилена Плазма не се врати во полн сјај.

Plazma Mrvice

Не заборавај дека Плазма и понатаму е во секој член на големата Плазма семејство.

За секој твој момент тука се Плазма Мини Мини, Плазмикс,
Плазма Коцка, Плазма од Срце, Плазма Стики и останатите
членови на Плазма семејството.

Нераскинливата врска и љубовта кои нас веќе децении не спојуваат, нè мотивираат да ти се вратиме што поскоро и да ги направиме нашите заеднички моменти повторно незаборавни.

А до тогаш…

е малку трпение